ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ЕДНОДНЕВНА РАБОТНА ПОСЕТА НА АЛБАНСКИОТ ОМБУДСМАН

21.11.2007, Скопје

На 21-ви ноември во еднодневна работна посета на канцеларијата на Народниот правобранител престојуваше делегација на Омбудсманот на Република Албанија предводена од г. Ермир Добјани, омбудсман на Албанија. Во рамките на посетата беа разменети искуства за проектот во чии рамки во затворите во Македонија беа поставени метални сандачиња во кои затворениците ги доставуваат нивните преставки до Народниот правобранител. Проектот беше спроведен од страна на македонскиот омбудсман и Мисијата на ОБСЕ во Македонија. За таа цел делегацијата од Албанија го посети затворот “Идризово”.