ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ЕДНОДНЕВНИ СЕМИНАРИ ВО ТЕТОВО И ВО ШТИП НА ТЕМА КОЛКУ И КАКВА Е СОРАБОТКАТА НА РЕЛАЦИЈА ОМБУДСМАН ЛОКАЛНА САМОУПРВА

07.12.2006, Тетово и Штип

Колку и каква е соработката помеѓу Омбудсманот и локалната власт? Во која област има, а во која нема соработка и што треба да се направи за квалитетна соработка?

Ова се само некои од дилемите за кои се дискутираше на еднодневните семинари организирани од страна на канцеларијата на Омбудсманот, ОБСЕ и Советот на Европа,  кои на 7 и 8 овој месец се одржаа во Тетово и во Штип. На семинарите покрај Народниот правобранител г. Иџет Мемети, г. Виктор Улом раководител на Одделението за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Македонија и  амбасадорот Наталија Дрозд в.д амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, учествуваа и градоначалниците од Тетови и Штип, како и на општините кои гравитираат кон нив.

Народниот правобранител г. Иџет Мемети во неговата дискусија истакна дека постои добра соработка на реалција Омбудсман-локална власт. Сите мои препораки испратени до локалните власти се прифатени и спроведени, факт кој самиот по себе зборува за квалитетната соработка” рече Мемети. Тој посебно се осврна на проблемите на заштитата на човековата околина, особено во Тетово каде постои дива депонија за депонирање на отпадот кој го загрозува здравјето на граѓаните.

Преставникот на ОБСЕ г. Виктор Улом ја истакна важноста на улогата на народниот правобранител во развојот на демократските процеси на Република Македонија, особено по однос на скоро започнатиот процес на децентрализација и неопходноста за  соработка со локалните власти. Ова од причина што на тој начин ке се обезебеди доследно и навремено остварување на правата на граѓаните.

Најголемиот дел од градоначалниците со народниот правобранител ги споделија проблемите со кои се соочуваат од аспект на обврските кои им се пренесени од централната власт. Тие ги истакнаа нивните очекувања дека Народниот правобранител со вршењето на неговата функција ке им помогне поквалитетно да ги извршуваат нивните овластувања