ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ИНФОРМАТИВНИ СЕМИНАРИ ЗА ДРЖАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ, МИСИЈАТА НА ОБСЕ И ШВЕДСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ- СИДА

29-31.01.2008, хотел „Арка”-Скопје

Во организација на Народниот правобранител, Мисијата на ОБСЕ и Шведската меѓународна агенција за развој СИДА од 29 до 31 јануари во хотелот “Арка” во Скопје се одржаа информативни семинари за државните службеници, на кои беше презентиран Истражување за познавањето на надлежностите и мандатот на Народниот правобранител од страна на службениците во органите на државната управа изготвен од друштвото за консалтинг услуги БСЦ “ЕСТЕК”.

“Потребата од одржување на ваков вид информативни семинари беше детектирана од едноставна причина што ефикасното функционирање на институцијата Народен правобранител не може да се замисли без квалитетна соработка со органите на државната управа. Со оглед на тоа беше оценето дека за да се постигне повисоко ниво на соработка поребно е повеќе заеднички да се работи со државните службеници со цел да се утврдат главните причини поради кои во одредени случаи соработката изостанува”- рече во излагањето народниот праворбанител г. Иџет Мемети.

“ОБСЕ смета дека соработката помеѓу Народниот правобранител и државната управа позитивно влијае врз остварувањето и заштитата на граѓанските права. “Семинарите што ќе се одржуваат во наредните неколку дена треба да ја засилат таа соработка” - рече на отварањето г. Доналд Бисон, шеф на Одделението за владеење на правото во Мисијата на ОБСЕ.

На семинарите беше заклучено дека органите на државната управа соработуваат со Народниот правобранител, но дека соработката треба и понатаму да се унапредува со цел да се зголеми степенот на остварување на правата на граѓаните. Меѓу предлозите како да се подобри соработката беше истакнат и предлогот омбудсманот најмалку еднаш годишно да се состанува со министрите што раководат со министерствата за кои се детектирани слабости во соработката.