ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

„КАМПАЊА: „ТИ ИМАШ ПРАВО НА ЕКОЛОШКА ПРАВДА“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТEЛ И ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОЛОШКА ДЕМОКРАТИЈА „ФЛОРОЗОН“

09.02.2012, Скопје

Народниот правобранител и невладината организација Центар за еколошка демократија „Флорозон“ во наредните два месецa ќе спроведат кампања под мотото: „Ти имаш право на еколошка правда“ чија цел е подигнување на свеста на граѓаните за нивното право да живеат во здрава животна средина.

Како што информираше на прес-конференцијата, народниот правобранител г. Иџет Мемети, оваа кампања е од голема важност ако се земе предвид фактот дека искуствата од работата на институцијата Народен правобранител во оваа област покажуваат дека граѓаните многу ретко пријавуваат загадување на животната средина и покрај што тоа е директно поврзано со нивното право за живење во здрава животна средина.

Според програмскиот директор на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ Кирил Ристевски, кампањата ќе се одвива во градовите во кои Народниот правобранител има подрачни канцеларии каде ќе бидат поставени  штандови со информативни брошури, а предвидена е и медиумска покриеност со емитување спотови.

Инаку, кампањата е дел од проектот „Зелена правда на Република Македонија“ кој воедно е поддржан од амбасадите на: Соединетите Американски Држави и Кралството Норвешка.