ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА ЗАШТИТА И ПОДДРШКА НА ЖЕНИ-ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО НА КОЈА УЧЕТСТВУВАШЕ И ПРЕТСТАВНИК НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

06.10.2016, СКОПЈЕ

„Заштита и поддршка на жени-жртви на родово базирано насилство“ беше темата на Националната конференција на која учествуваше и претставник од канцеларијата на Народниот правобранител од Одделот за заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби. 


Претставникот во своето излагање посебен осврт имаше на темата „Семејносто насилство и неговото влијание врз децата“ во кое ги презентира состојбите констатирани во извештаите на народниот правобранител во изминатите неколку години во оваа сфера.

На Конференцијата исто така преставници од различни институции кои работат на полето на семејното насилство споделија искуства од нивната работа, а беа донесени и заклучоци и препораки за поефективна заштита и поддршка на жените жртви на семејно насилство.