ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА “ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И ПРАВАТА НА МАЛЦИНСТВАТА ВО ЕВРОПА“

10.09.2008 Хотел „Александар Палас“, Скопје

Во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје се одржа меѓународна конференција на тема „аштитата на човековите права и правата на малцинствата во Европа“

На Конференцијата учествуваше претседателот на Фондацијата г. Хенри Бохнет, народниот правобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети, заменикот претседател на Владата задолжен за спроведување на рамковниот договор г. Абдулаким Адеми како и  повеќе омбудсмани од регионот: омбудсманот на Албанија  г. Ермир Добјани, потоа на Република Словенија г-ѓа Зденка Чебашек - Травник, на Црна Гора г. Шефко Црновршанин.

Целта на Конференцијата беше да се разменат искуства и идеи и да се претстават најдобрите практични модели за заштита на човековите слободи и права.

„Управувањето со проблемите во остварувањето на правата на припадниците на етничките заедници кои не се мнозинство, е секогаш предмет на работа и на омбудсман институциите. Денес омбудсманите претставуваат сегмент без кој не се може во општествата со демократски начин на функционирање“- рече меѓу другото во своето излагање народниот правобранител г. Иџет Мемети.

Според него сферата на човековите права во Република Македонија се уште претставува област на која треба многу да се работи не само од страна на омбудсманот, туку и од страна на сите државни институции.