ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ГО ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ “НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА”

02.11.2007, Скопје

Со посетата на казнено-поправната установа “Идризово” на 31 октомври заврши проектот “Народниот правобранител во заштита на правата на осудените лица” кој во периодот од септември до октомври го реализираше канцеларијата на Омбудсманот и Мисијата на ОБСЕ во Македонија. Во рамките на овој проект беа посетени Затворот во Струмица и Затворот во Гевгелија, потоа КПД од отворен вид во Струга и Затворот во Охрид, затворите во Прилеп и во Битола, КПД во Штип, Затворот во Тетово, Затворот Скопје, како и Отвореното одделение во Крива Паланка и КПД “Идризово”. Притоа на осудените лица им беа дистрибуирани брошури во кои се содржани низа прописи како што се: Европската конвенција за заштита од мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Европските затворски правила, Законот за извршување на санкциите, како и Законот за народен правобранител и Деловникот на народниот правобранител. Исто така, осудените лица добија и посебни ливчиња со образец за преставка која може да се достави до Народниот правобранител. Со цел на осудените лица да им се олесни пристапот до Народниот правобранител во сите казнено-поправни и воспитно-поправни домови поставени се метални сандачиња во кои осудените лица ќе ги ставаат нивните преставки. Предвидено е преставници од канцеларијата на Народниот правобранител еднаш до двапати месечно да ги земаат преставките од сандучињата, за потоа да се постапува по преставките. Инаку, целокупниот материјал е печатен на македонски, албански и на ромски јазик. Во казнено-поправните и воспитно-поправните домови поделени се вкупно 345 брошури на македонски јазик, 220 на албански и 210 ромски јазик.