ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И АМБАСАДОРОТ Г. ЕРВАН ФУЕРЕ ВО ПОСЕТА НА КПУ “ИДРИЗОВО„ И ЗАТВОРОТ СКОПЈЕ

22.09.2008, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети и специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија амбасадорот г. Ерван Фуере, во рамките на редовната соработка ги посетија Казнено - поправната установа „Идризово“ и Затворот „Скопје“. Во рамките на посетата г. Мемети и  г. Фуере разговараа со затворските управи и имаа средба со лица кои издржуваат затворски казни.


„Денеска уште еднаш се уверив дека сосотојбите во затворите и понатаму се под секакво ниво, што преставува кршење на правата на лицата лишени од слобода. Она што загрижува е дека овие состојби остануваат непроменети и покрај тоа што нашите посебни и Годишниот извештај укажуваат на потребата за преземање неодложни мерки за обезбедување хуман третман на лицата лишени од слобода“- изјави народниот правобранител г. Мемети по завршување на посетата.

Според него уште позагрижувачки е фактот што истите состојби ги конастатираат и извештаите на Комитетот против тортура и Комитетот за човекови права при Советот на Европа.

 Амбасадорот Фуере изјави дека од разговорот со затворските управи заклучил дека тие прават се што е во нивна моќ, но дека се соочуват со недостиг од средства.

„Заедно со народниот правобранител би сакале да апелираме до властите да направат се што е во нивна можност да се осврнат на овие проблеми.“ – изјави г. Фуере