ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА MEЃУНАРОДНА ТРКАЛЕЗНА МАСА ПО ПОВОД 60 ГОДИШНИНАТА ОД ОСНОВАЊЕТО НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Искуствата на Народниот правобранител и неговата соработка со Парламентот во поглед на унапредувањето на правата и заштитата на децата беше темата на која зборуваше народниот правобранител г.Иџет Мемети по повод одбележувањето на 60 годишнината од основањето на Советот на Европа на Меѓународната тркалезна маса насловена како „ Улогата на европските парламенти во поглед на унапредувањето на правата и заштитата на децата„

“Морам да истакнам дека Институцијата Омбудсман во Република Македонија уште од 1999 година, правата на децата ги стави во својот фокус имајќи предвид дека тогаш беше формирано посебно одделение за правата на детето„ рече  меѓудругото во своето излагање  г.Мемети.

Тој исто така се осврна на целокупните активности кои институцијата Народен правобранител ги направи во изминатите години за подобрување на нивото на заштитата на правата на децата.