ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СЕ СРЕТНА СО АМБАСАДОРОТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА ВО МАКЕДОНИЈА Г. ЕНДРЈУ КИ

27.01.2010, Скопје

Улогата на омбудсманот во општеството и неговата важност за развојот на демократијата беше темата на разговор на средбата на народниот правобранител г. Иџет Мемети со амбасадорот на Обединетето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска г. Ендрју Ки.

На средбата, која се одржа во рамките на редовните меѓународни активности на омбудсманот, исто така беше истакната важноста од поддршката што треба да ја имаат омбудсман институциите за поефикасна и поквалитетна заштита на човековите слободи и права.