ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ УЧЕСТВУВАШЕ НА ЈАВНА РАСПРАВА НА ТЕМА: “ЕВРОПСКИ ПРАКТИКИ И ПРОГРАМИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО„

22.10.2008, Скопје

„Европски практики и програмите за превенција на семејно насилство“ беше темата на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на која учествуваше народниот правобранител г. Иџет Мемети. 

“Насилството врз жената и децата денес е едно од најприсутните кршења на човековите права. Насилството не само што претставува кршење на човековите права, туку со тоа се отежнува и се спречува остварувањето на основните човекови права„ - рече во своето излагање г. Мемети.

Според него ефикаснта борба против овој вид насилство често се оневозможува поради тоа што жртвите, најчесто жени и деца, не го пријавуваат насилството.

На дебатата учествуваа и омбудсманот на Арагон г.Фернандо Гарсија Висенте, како и постојаниот координатор на Организацијата на обединетите нации и постојан претставник на УНДП Марија Силва Луис Мрхијас.