ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СЕ ВКЛУЧИ ВО КАМПАЊАТА НА ОДДЕЛОТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ НАСЛОВЕНА: “ИГРАЈ СПОРЕД ПРАВИЛАТА„

07.11.2008, Тетово

Канцеларијата на народниот правобранител активно се вклучи во кампањата која Одделот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја спроведува под наслов: “Играј според правилата„.

Така, заменикот - народен правобранител м-р Драги Целевски во рамките на Кампањата се сретна со студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа и притоа разговараше за работата на Народниот правобранител и неговите надлежности во поглед на заштитата на човековите слободи и права.