ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НАРОДНИOT ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СЕ СРЕТНА СО НОВОИЗБРАНИОТ ОБМБУДПЕРСОН НА РЕПУБЛИКА КОСОВО Г.САМИ КУРТЕШИ

19.06.2009, Скопје

Во еднодневна работна посета на канцеларијата на народниот правобранител г.Иџет Мемети престојуваше новоизбраниот омбудперсон на Република Косово г. Сами Куртеши. На средбата стана збор за организацијата и начинот на работа на Омбудсманот во Македонија, како  и на Косово, а беа разменети и искуства од работата на двете канцеларии.

Исто така, беше договорен начинот на понатамошна взаемна  соработка со цел да им се помогне на граѓаните при заштитата на нивните права.