ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НОВИ ЕВРОПСКИ ПРАВИЛА ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

30.01.2007, Скопје

Затворските установи во Европа во 2006 го добија новиот практичен кодекс-Европските затворски правила кои  ги даваат основните насоки како да се управуваат установите, односно како треба да се постапува со осудените лица, со цел за нивно што полесно и побрзо ресоцијалзирање и превоспитување.

Комитетот на министрите на Советот на Европа минатата година ги усвои новите Европски затворски правила(последната верзија е донесена во 1987 година) кои немаат обврзувачко дејство на закон, но Советот препорачува нивно вградување во националните законодавства. Основна цел на вака кодифицираните стандарди за затворите е обезбедување соодветна заштита на правата и достоинството на затворените лица  заради ублажување на последиците од нивното одделување од заедницата.

Канцеларијата на Народниот правобранител како институција која според своите законски надлежности има ингеренции и во оваа област ги преведе новите Европски затворски права и ги направи достапни на јавноста преку својата вебстрана.