ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

НОВ ПРОЕКТ ЗА ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ФИНАНСИРАН ОД ШВЕДСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДЕН РАЗВОЈ (СИДА) И ПОДДРЖАН ОД МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО СКОПЈЕ

02.02.2012, Скопје

Зајакнување на капацитетите на тимот кој работи во новоформираното одделение за заштита од дискриминација и следење на принципот на соодветна и правична застапеност ќе биде главниот фокус на новиот проект кој институцијата Народен правобранител ќе го спроведе во наредниот период, финансиран од шведската Меѓународна агенција за развој (СИДА) и поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Ова го соопшти народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференција на која беше потпишан документ за соработка за овој проект помеѓу амбасадорот на Кралството Шведска г. Ларс Вахлунд и амбасадорот Ралф Брет, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

И двајцата амбасадори ја истакнаа важноста на поддршката на институцијата Народен правобранител, со оглед на нејзината исклучително значајна улога во општеството како заштитник на слободите и правата на граѓаните, особено кога станува збор за нивна заштита од дискриминација.