ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ОБУКА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ТЕМА: “ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ ПО СЛУЧАИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА”

21-24.04.2008, Скопје

Кои и какви видови на дискриминација постојат? По каков се основ може да се дискриминира некое лице и како тоа да се препознае? Ова беа само дел од дилемите кои преку обука под наслов “Идентификување и постапување по случаи на дискриминација” се обидоа да ги разрешат вработените во канцеларијата на народниот правобранител. Обуката која траеше во периодот од 21 до 24 април беше дел од заедничките проекти кои канцеларијата на омбудсманот ги спроведува со поддршка на ОБСЕ Мисијата во Скопје и шведската Агенција за меѓународен развој СИДА. “Македонија нема донесено општ закон за заштита од дискриминација, со што се отежнува работата околу овие случаи, иако само донесувањето закон не е доволно од причина што е потребно да се утврдат и другите механизми на заштита.” - рече меѓу другото народниот правиобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети во своето обраќање. Според Мемети потребно е зајакнување на инструментите за заштита од дискриминација со што на граѓаните ќе им се помогне во случаите кога се дискриминирани. За македонската правна рамка и постапувањата од страна на канцеларијата на Народниот правобранител зборуваше заменикот народен правобранител м-р Драги Целевски, а обуката ја вршеа преставничката од канцеларијата на австрискиот омбудсман д-р Патриција Хеиндел, како и преставици од словенечкиот омбудсман г. Боштјан Верник и г-ца Манца Сетинц.