ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ХОТЕЛ „КОНТИНЕНТАЛ“ ОБУКА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

25.04.2006, Скопје

Од 25 до 28 април 2006 г. во хотелот “Континентал” во Скопје за вработените во институцијата Народен правобранител ќе се одржи Обука за човекови права што претставува дел од Проектот за поддршка на институцијата Народен правобранител, финансиран од шведската влада и координиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. Обуката има за цел да ги зајакне професионалните капацитети на стручната служба во Институцијата и ќе ја спроведуваат странски експерти од Институтот “Раул Валенберг”, како и домашни експерти меѓу кои и проф. д-р Љубомир Фрчковски.