ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА Г. ГИНО ГАНЕВ ВО ПОСЕТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ОБУДСМАН

03.10.2006, Скопје

Во рамките на билатералната соработка од денес (03.10.2006 година) во дводневна официјална посета на канцеларијата на Омбудсманот на Република Македонија ќе престојува Омбудсманот на Република Бугарија г. Гино Ганев. Со македонскиот колега г. Иџет Мамети двајцата обмудсмани ќе разменат мислења и искуства за работата на институциите, а ќе стане збор и за регионалната соработка како една од основните предуслови за развој на односите меѓу двете институции, но и меѓу двете соседни земји. Во рамките на посетата предвидено е Омбудсманот на Република Бугарија г.Ганев да оствари средба и со Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, со премиерот г. Никола Груевски, како и со претседателот на Собранието на Република Македонија г.Љубиша Георгиевски.