ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПОСЛЕДНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ШЕФОТ НА НАТО Г. ДЕНИС БЛИС И НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ.

17.11.2005, Скопје

На денешната последна средба со г. Блис Народниот правобранител му ги пренесе на својот гостин констатациите по однос на досегашната комуникација и соработка со органите на државната управа при што истакна дека и покрај постигнатиот напредок сепак потребна е поголема отвореност на институциите кон граѓаните што би требало да ја подобри довербата на граѓаните во институциите на системот. Г. Блис истакнувајќи дека реформите во државата генерално се движат во нагорна линија, истакна дека Омбудсманот претставува контролен механизам без кој не може се замисли едно демократско општество особено она кое има за цел влегување во европското семејство при што потенцираше дека Институцијата Народен правобранител секогаш ќе ја има подршката од НАТО.