ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ПРВА СРЕДБА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НОВИОТ АМБАСАДОР НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ВО РМ, Г. ЕРВАН ФУЕРЕ

17.11.2005, Скопје

Народниот правобранител на РМ г. Иџет Мемети при својата прва средба со Амбасадорот Ерван Фуере истакна дека неговите заложби за заштита на човековите права претставуваат и заложба за промени во системот и демократијата во земјата при што секако дека за истото очекува дека ќе ја добие подршката на Делегацијата на Европската Комисија во РМ. Говорејќи за препораките кои Европската Унија и ги достави на Република Македонија за нејзино пристапување во членството на ЕУ, г. Ерван Фуере потенцираше дека Народниот правобранител претставува значаен инструмент за имплементација на препораките и сегмент од особено значење за побрзо спроведување на неопходните реформи во земјата и секако ефективно спроведување на принципот на владеење на правото.