ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

РАБОТНА СРЕДБА НА Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРКАТА НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ Г-ЃА ЏИЛИЈАН АРЛЕТ МИЛОВАНОВИЌ

13.02.2006, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави г-ѓа Џилијан Арлет Миловановиќ. Средбата имаше за цел запознавање на амбасадорката со целите, функцијата и улогата на народниот правобранител и неговите констатации за состојбите со остварувањето, почитувањето и заштитата на правата на граѓаните. Во таа насока беше истакнато дека заради ефективно остварување на функцијата народниот правобранител неопходно е потребно постоење соодветно ниво на соработка со органите на државната управа и другите органи и организации со јавни овластувања.