ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

06.12.2005, Скопје

Присутните претставници во текот на регионалната конференција особено обрнаа внимание на проблемите кои се однесуваат на имплементацијата на малцинските права, партиципацијата на малцинствата во процесот на децентрализацијата во Југоисточна Европа и унапредување на нивното учество во политичкиот и општествениот живот. При тоа, беше изнесена општата констатација според која прашањето за малцинствата е клучно за внатрешната стабилност на секоја држава и за пристапот кон Европската Унија. Воедно, беа предочени и мониторинг извештаите на меѓународните невладини организации кои упатуваат на фактот дека и покрај тоа што во државите постои легислатива со која се обезбедуваат малцинските права, сепак имплементацијата не е соодветна, акцентирајќи ги при тоа како причини: недостигот на политичка волја, недостигот на знаење особено во реформските процеси во локалната самоуправа како инструмент за заштита на правата на малцинствата и недостигот на финансиски средства. Во овој контекст беше и излагањето на Канцеларијата на Народниот правобранител, со посебен осврт во делот на сопствената уставна и законска надлежност, како и конкретното постапување.