ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СЕМИНАР НА ТЕМА: „ОМБУДСМАНОТ - МЕДИЈАТОР ПОМЕЃУ ГРАЃАНИТЕ И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА“

02.06.2009, Скопје

„Предизвиците на Омбудсманот во остварувањето на неговата улога на медијатор помеѓу граѓаните и јавната администрација“ беше тема на еднодневниот семинар што се одржа на 2 јуни во Скопје во организција на: Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија, Амбасадата на Кралството Шпанија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На Семинарот, покрај народниот правобранител г. Иџет Мемети  на темата зборуваа: неговиот колега омбудсманот на Арагон, Шпанија г. Гарсија Висенте, потоа директорот на Државниот управен инспекторат г. Димитар Георгиевски, а свои излагања имаа и претставници од невладиниот сектор, поконкретно од: „Коалицијата за правично судење“ г-ѓа Аница Томшиќ - Стојковска и од Организацијата на потрошувачи на Македонија г-ѓа Маријана Лончар - Велковска.

Омбудсманот г. Мемети зборуваше за темите: „Улогата на медијатор во општеството и новите надлежности на омбудсманот на Македонија“, како и за “Омбусманот во постапките од работен однос, потрошувачки права и малолетничка правда“. За функционирањето на новиот Закон за претставки и предлози, зборуваше директорот на Државниот управен инспекторат г. Димитар Георгивеки, а искуствата од работата на канцеларијата во Арагон ги пренесе Омбудсманот на Арагон г. Гарсија Висенте.