ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО СТРУМИЦА

23-25.01.2009, Струмица

Како да се подобри соработката помеѓу главната и регионалните канцеларии? Работата со новата софтверска апликација. Какви ќе бидат новите надлежности на Народниот правобранител по потпишувањето на Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура и Законот за заштита од дискриминација.

Ова беа дел од темите за кои разговараа вработените во канцеларијата на Народниот правобранител на средбата која се одржа од 23 до 25 јануари годинава во хотелот „Сириус“ во Струмица. На средбата исто така се разговараше и за искуствата постигнати од досегашните проекти реализирани со помош на Мисијата на ОБСЕ и шведската Агенција за меѓународен развој - СИДА, а беа донесени и заклучоци кои се однесуваат на подобрување на работата на институцијата Народен правобранител.