ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ АИВО ОРАВ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

29.06.2016, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г.Иџет Мемети оствари средба со амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата се разговараше за важноста на владеењето на правото, создавање на услови за излегување од политичката криза, потребата од засилено спроведување на итните реформски приоритети особено од денеше аспект, а се со цел побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија.

Соговорниците посебно се задржаа на состојбите со заштитата на човековите слободи и права, и зајакнување на инструментите и механизмите за промоција и заштита, при што народниот правобранител го информираше амбасадорот за неговата загриженост за нивото на почитување и остварување на правата на граѓаните во првите шест месеци од годината.

И двајцата соговорници се согласија дека реформите кои се однесуваат на институцијата, а кои произлегуваат од обврските преземени спрема Обединетите нации, Извештајот на Прибе и итните реформски приоритети на советот на министри бараат сериозен пристап со голема вклученост на повеќе чинители, со цел создавање на сеопфатен, и долготраен систем кој ќе гарантира ефикасна заштита на правата на граѓаните.