ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Г.САМУЕЛ ЖГОБАР

21.09.2016, СКОПЈЕ

Народниот правобранител г. Иџет Mемети оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жгобар. На средбата амбасадорот беше запознаен со работата на институцијата, како и со актуелните предизвици со кои таа се соочува.

Амбасадорот ја нагласи поддршката што Делегацијата на ЕУ и ја дава на земјата, како и на институцијата Народен правобранител како клучна алатка за обезбедување заштита на човековите права и слободи.

Двајцата соговорници се согласија дека од исклучителна важност е да се обезбеди континуирана и силна поддршка на институцијата, имајќи го предвид новиот Закон за народен правобранител и обврските што произлегуваат од истиот.