ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Г. АЛ ХАЧИНСОН, ПОЛИЦИСКИ ОМБУДСМАН НА СЕВЕРНА ИРСКА

22.03.2010, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со претставниците од Северна Ирска меѓу кои и полицискиот омбудсман г. Ал Хачинсон.    

На средбата беа разменети искуства од работата и постапувањето на омбудсманите од аспект на нивната улога во одржувањето на балансот во меѓуетничките односи, како и од аспект на надлежностите врз полицијата. На средбата посебен акцент беше ставен на работата и соработката на омбудсманот во поглед на постапувањето на полицијата во мултиетничките општества.

Во делегацијата покрај полицискиот омбудсман беа и претставници на полицијата на Северна Ирска и Република Ирска, како и претставници од невладини организации и од Универзитетот во Даблин.

Инаку, средбата беше во рамките на проектот МОСТ – граѓанско лидерство преку меѓународен дијалог во кој Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) учествува во партнерство со Mediation Northern Ireland. Како дел од проектот од 22 до 25 март 2010 година беше реализирана првата од шестте посети за размена на искуства меѓу Македонија и Ирска, поврзани пред се со искуствата за спроведување на Охридскиот рамковен договор и Северноирскиот договор од Велики петок.