ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО КОМЕСАРОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА Г. ТОМАС ХАМАРБЕРГ

25.02.2008, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети се сретна со г. Томас Хамарберг, комесар за човекови права на Советот на Европа. На средбата беа разменети мислења во однос на состојбата со остварувањето на заштитата на човековите слободи и права со посебен акцент на лицата лишени од слобода. На средбата се разговараше и за потребата од поинтензивна соработка на националните институции за човекови права со комесарот, особено со практичната примена и извршуавање на упатените препораки и мислења, како и за реализација на одлуките на Европскиот суд за човекови права.