ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА Г. МИХАЈЛО МАНЕВСКИ

08.03.2010, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари работна средба со министерот за правда г. Михајло Маневски на која стана збор за практичната имплементација на измените на Законот за народниот правобранител во согласност со Законот за ратификација на Факултативниот проткол кон Конвенцијата против тортура со кој Народниот правобранител е определен за национален превентивен механизам за превенција на тортура.

Исто така, на средбата стана збор за обезбедување услови заради формирање на трите нови одделенија предвидени со измените на Законот за народниот правобранител, што во моментот претставува важен сегмент во работењето на Народниот правобранител, но и за државата во целина со оглед дека со ратификацијата на Факултативниотг протокол кон Конвенцијата против тортура, државата, меѓу другото, се обврзува да обезбеди и соодветни услови за дејствување на Националниот превентивен механизам.

Министерот за правда се заложи да му ја даде потребната поддршка на Народниот правобранител со цел реалното дејствување на Националниот превентивен механизам да се случи во најскоро време за што ќе бидат преземени соодветни мерки, а ќе биде запозната и Владата на Република Македонија.