ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени
Edit

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРЕСТАВКИ ПРИ ГЕРМАНСКИОТ БУНДЕСТАГ

17.10.2007, Скопје

Народниот правобранител г.Иџет Мемети се сретна со претставници на Комисијата за преставки при германскиот Бундестаг на која беа разменети искуства за начинот на работата на Народниот правобранител и Комисијата. Преставниците на Комисијата беа информирани за начинот на работа на Омбудсманот во Македонија, неговите законски надлежности, постапувањето со предметите, како и за соработката со другите државни институции, особено со собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права. Од друга страна гостите од Германија истакнаа дека како членови на Комисијата тие имаат право да се обратат до Бундестагот за прашања поврзани со преставките што до нив ги доставуваат граѓаните и дека таа комисија работи во интерес на заштита на правата на граѓаните.