ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМТИ СО ШЕФОТ НА МИСИЈАТА НА ОДИХР Г. РОБЕРТ БЕРИ

15.05.2008, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со шефот на мисијата на ОДИХР г. Роберт Бери на која беа разменети мислења за нивото на почитувањето на човековите слободи и права. На средбата посебен акцент беше ставен на законските надлежности на Народниот правобранител во рамките на изборниот процес. Шефот на Мисијата г. Роберт Бери беше запознат и со начинот на работа на канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите од аспект на заштитата на избирачкото право, кога во канцелариите на правобранителот работат дежурни екипи на кои можат да им се обратат сите гражани кои сметаат дека им е попречено правото на глас.