ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ И ЗАЛЖБИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

04.11.2008, Скопје

Денес, Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со г.Серхи Холовати, претседател на Комисијата за почитување на овбрските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа, на која беа разменети мислења по однос на важноста на остварувањето и заштитата на човековите слободи и права.

Притоа, заеднички беше оценето дека преку нивото на остварување и заштита на правата на граѓаните се изразува степенот на развој на демократијата во општеството.

Меѓутоа, исто така беше истакната и потребата од зајакнување на институцијата Народен правобранител не само од аспект на проширување на неговите надлежности туку и од аспект на неговата поголема финансиска независност