ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ СО РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

23.05.2015, СКОПЈЕ

Претставници на Народоден правобранител од Одделението за заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби, одржа средба со родители на деца со интелектуална попреченост, на која им ја преставија улогата и надлежноста на Народниот правобранител.


На средбата беше истакнато дека правото на инклузивно образование не функционира, односно често пати децата со попреченост на импровизиран и несоодветен начин го остваруваат ова право. Дополнително, дел од присутните родители истакнаа дека биле жртви на дискриминација, навреди и омаловажувања од страна на директори на средни училишта кои не дозоволиле дете со попреченост да се запише во училиштето.
Родителите ги информираа претставниците на Народен правобранител дека најголем дел од децата со интелетуална попреченост се деловно и правно несопосбни да одлучуваат и расудуваат за себе, поради што по смртта на родителите/старателите потребна им е соодветна грижа и нега. Дел од родителите сметаат дека државата треба да обезбеди соодветни форми на самостојно домување за децата/лицата со попреченост, со помош на асистент кој ќе им помага во самостојното живеење. Родителите, во вој дел најмногу беа заинтересирани за начинот на остварување на пезнија на нивните деца по нивната смрт како и за постапката за одземање на деловната способност.

Според, родителите клучни проблеми со коии се соочуваат се неколку области:
   - Начинот на категоризација на децата со интелектуална попреченост (децата/лицата со комбинирани , лесни и умерени пречки остваруваат различни права и бенефиции)
   - Остварувањето на здравствена заштита до 26 години, иако е потребна во текот на целиот живот
   - Обврзувачките прегледи секоја година и обновата на документите, а состојбата не се менува.