ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА НА СТУДЕНТИТЕ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО СТРУГА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ

15.05.2009, Скопје

Народниот правобранител г. Иџет Мемети се сретна со студентите од втората студиска година на Меѓународниот универзитет во Струга при што ги запозна со работата и надлежностите на институцијата Омбудсман во Република Македонија.

Посетата беше дел од практичната настава на студентите по предметот уставно право, а тие најмногу се интересираа за: постапката при предметното работење на народниот правобранител, неговите надлежности, за бројот на претставките кои се примаат во канцелариите на народниот правобранител, како и од која област има најмногу поднесени претставки.