ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ И БУГАРСКИОТ ОМБУДСМАН ИЏЕТ МЕМЕТИ И ГИНО ГАНЕВ

05.10.2006, Скопје

Взаемна соработка која можеби треба и да се формализира, натамошни средби меѓу двете канцеларии и висок степен на регионална соработка- вака накратко би гласела пораката од дводневните средби кои на 3 и 4 овој месец ги имаа омбудсманите на Република Македонија и на Република Бугарија, г. Иџет Мемети и г. Гино Ганев. “Изминативе два дена имавме корисни средби и разговори со мојот колега омбудсманот на Република Бугарија г. Ганев. Овие два дена разменивме искуства за работата од сите области кои ги покриваме, но зборувавме и за унапредување на соработка на сите полиња. Заштитата на човековите слободи и права како врв на демократијата е основното начело во нашата работа.Затоа сметам дека многу е важна иницијативноста на омбудсманот, кој не треба да работи само по поднесените преставки од граѓаните, туку треба да реагира и по сопствена иницијатива секогаш кога за тоа има можност” рече на средбата со новинарите македонскиот омбудсман Мемети. Според обмудсманот на Република Бугарија г. Ганев заштитата на човековите слободи и права нема локален, туку универзален карактер. Оттука соработката пред се на омбудсманите во регинот мора да има приоритет. “Граѓаните мора да имаат висок степен на доврба во омбудсанот за тој успешно да работи. Но за тоа е потребен уште еден услов, висок степен на соработка со институците на државата” нагласи Ганев. Зборувајќи за искуството во неговата земја тој истакна дека во Бугарија нема министер кој не одговорил на барањата на омбудсманот. Успешна администрација значи и успешен министер итакна Ганев. Македонскиот и Бугарскиот омбудсман имаа средби и со Претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, со премиерот г. Никола Грувеки, како и со претседателот на Собранието г. Љубиша Георгиевски и министерот за правда г. Михајло Маневски.