ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ОМБУДСМАНОТ НА ЦРНА ГОРА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

07.10.2005, Скопје

При посетата на канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје омбудсманот на Црна Гора г. Шефко Црновршанин со неговите заменици од 06.10-10.10.2005 година оствари неколку работни состаноци за зацврстување на соработката и размена на искуства со народниот правобранител на Република Македонија како и протоколарни средби со Претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија и работна средба со претседателот на Републичкиот судски совет. По состаноците двајцата омбудсмани дадоа заедничка изјава пред медиумите.