ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ТРАЛЕЗНИ МАСИ ВО КИЧЕВО И ВО БИТОЛА НА ТЕМА “СОРАБОТКАТА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ”

28-29.02.2008, Кичево и Битола

Во организација на канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Шведската агенција за развој (СИДА) на 28 и 29 февруари во Кичево и во Битола продолжи серијалот на тркалезни маси на кои се разговараше за соработката на локалната власт со Омбудсманот. “Во процесот на децентрализација кој е во тек, општините добија голем дел од надлежностите на централната власт. Токму затоа потребна е соработка помеѓу локалните власти и Омбудсманот, кој има надлежност да им помага на граѓаните” - рече Народниот правобранител г. Иџет Мемети на тркалезната маса во Кичево. Според него овие средби имаат за цел преку подобрување на соработката да се зголеми и степенот на заштитата на правата на граѓаните. “Граѓаните умеат да ги користат можностите што ги нуди институцијата Народен правобранител. Најчесто тие се обраќаат за проблемите во областа на урбанизмот и градежништвото “ - истакна Лилјана Илиевска, заменик народен правобранител на тркалезната маса што се одржа во Битола. Според Џовдат Мамедов, заменик шеф на Одделението за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, институцијата народен правобрантел придонесува за развој на демократските процеси. ”Омудсманот ја промовира демократијата, овозможува владеење на правото и затоа ОБСЕ за поддржува оваа институција” - рече Мамедов. На тркалезните маси присуствува и градоначалниците на Кичево, Струга, Другово, преставници на локалната власт, како и на невладиниот сектор.