ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ТРИБИНА НА ТЕМА „ИДНИНАТА И ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ИНСТИТУЦИЈАТА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ“

15.10.2008, Скопје

„Македонија поминува повеќегодишен период на развој и достигнувања во заштитата на правата и слободите на граѓаните, каде 11 - годишната работа на институцијата Народен правобранител има значаен удел. Во иднина не очекуваат нови предизвици во заштита на човековите права, посебно во заштитата од дискриминација, заштита на посебни групи и заштита од тортура“.

Ова се дел од заклучоците и препораките усвоени на тркалезната маса насловена како „Иднината и предизвиците на институцијата Народен правобранител“ што се одржа на 15 октомври во хотелот „Континентал“ во Скопје. На трибината покрај Народниот правобранител на Република Македонија г. Иџет Мемети, воведни излагања имаа и специјалниот претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија амбасадорот г. Ерван Фуере, амбасадорот на Република Франција Бернар Валеро и амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Петер Фреден. За споредебените искуства од работата на Омбудсманот на Полска зборуваше заменикот - омбудсман г. Марек Зубек, а за Војводина заменикот - покраински омбудсман г. Драгомир Секулиќ.

“Институцијата во своето 11 - годишно работење бележеше значаен развој, но и справување со сериозни потешкотии во остварувањето на својата функција како резултат на се уште бирократскиот начин на однесување и постапување на државата„. - рече во своето излагање народниот правобранител г. Иџет Мемети.

Според Мемети ако омбудсманот преставува реформатор на свеста и совеста, како и на културата во постапувањето на администрацијата тогаш несомнено е дека развивањето на институцијата треба секогаш да го следи пулсот на граѓаните и нивните потреби.