ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ЗАШТИТАТА НА ДЕЦАТА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ДРОГИ И ДРУГИ ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ“

29.03.2012, Скопје

„Информациите на Омбудсман институцијата укажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на деца корисници на дрога и притоа се намалува старосната граница. Во исто време недостасува соодветен систем кој би ја искоренил ваквата појава и нејзината манифестација. Токму затоа не треба да се заборави фактот дека за да се искорени ваквата појава не се потребни само заштитни мерки. Напротив, превенцијата е најнеопходна.“

Ова, меѓу другото, го рече во поздравното обраќање народниот правобранител г. Иџет Мемети на отворањето на Тркалезната маса на тема: „Заштита на децата од злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци“ што се одржа во Клубот на новинари во Скопје. Тркалезната маса е дел од проектот на Амбасадата на Кралството Холандија за поддршка на македонскиот омбудсман.

Според амбасадорот на Кралството Холандија г-ѓа Мариете Шурман за секое општество важно е децата да имаат здраво, среќно и безбедно детство.

„Секоја земја има проблем со дрогите и мора сама да се справи со него. Не претставува проблем дали употребата на дроги ќе се криминалзира или легализира, туку како општеството да најде соодветен начин да се справи со овој проблем. Децата и младите се наоѓаат во многу ранлив дел од својот развој, а дрогата е очигледна закана за нивното здравје.“ - рече Шурман.

Зборувајќи на тема: „Дали и колку се заштитени децата од злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци?“ заменикот-народен правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска рече дека Народниот правобранител долго време го следи проблемот со употребата на дроги преку посети на установите надлежни за лекување и третман на лица кои употребуваат дроги, како и од постапување по поднесени претставки или со покренување постапки по сопствена иницијатива.

„Според сознанијата на Народниот правобранител, бројот на деца корисници и зависници од дроги и други психотропни супстанции постојано расте и се повеќе се намалува возрасната граница на децата кои почнуваат да употребуваат дроги (7-8 години). Дел од овие деца се без родители или родителска грижа. Исто така, голем дел од децата кои се соочуваат со овој проблем се припадници на ромската заедница.“ - рече Крушаровска.

            „Дали и колку се заштитени децата од злупотреба на дроги и други психотропни супстанции?“- презентација заменик-народен правобранител Невенка Крушаровска

                   Препораки