ул. "Македонија" бр.19 (зграда на ТД „Макошпед") contact@ombudsman.mk

Мени

JАВНА КРИТИКА ОД НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА РАБОТАТА НА СЕКТОРОТ ЗА ВНАТРЕШНА КОНТРОЛА ПРИ МВР

19.09.2005

На 19.09.2005 година Народниот правобранител одржа прес-конференција која имаше за цел јавна критика на работата на Секторот за внатрешна контрола при МВР поради несоработка по предметите за кои Народниот правобранител има поднесено барање за добивање информации и податоци. Имено, Народниот правобранител ги изнесе своите констатации врз основа на спроведени постапки за појави на флагрантно кршење на човековите слободи и права со против-правно лишување од слобода, мачење, сурово и нечовечно постапување и малтретирање при вршење на службена должност од страна на припадниците на МВР врз граѓани, за што изјави дека до Јавното обвинителство се поднесени кривични пријави. Поради ова Народниот правобранител јавно ги повика Министерството за внатрешни работи и Претседателот на Владата на Република Македонија да ги преземат сите мерки за спречување на ваквите појави, а Јавниот обвинител ажурно и со внимание да постапи по пријавите поднесени од народниот правобранител за расветлување на ваквите случаи и изнесување на сторителите пред судот на правдата.